Aјнштајновите соништа
Театар на Навигаторот Цветко ви претставува:
недела 22 Мај 2016 и понеделник 23 Мај 2016
"Ајнштајновите соништа"
Почеток на претставите од 20:00
Според истоименото дело на Алан Лајтман
драматизација Русомир Богдановски
костимографија Розе Трајческа Ристовска
музика Златко Ориѓански
режија Слободан Унковски
Копродукција на Кино Култура / Театар Навигатор и Театар Прилеп
Претставата АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА ги испитува разните аспекти на времето и нивното влијание на судбините на луѓето. Како и во новелата на Лајтман, и во претставата развиена е една возбудлива структура која поткрепена со оригиналната музика на Ориѓански и децентните костими на Трајческа Ристовска не води во недофатливиот свет на времето.
Во оваа претстава времето оди нанапред, наназад, луѓето се понекогаш застанати во времето, ги испитуваат можностите на една иста случка во разни нивоа на реалноста или се подготвуваат за најавениот и закажан крај на светот. Трагикомична структура која драматично се издвојува во тековната македонска театарска продукција.
Ајнштајновите соништа се избрани за годинешните театарски игри Војдан Чернодрински.
Во претставата учествуваат 12 актери кои достигнуваат високо ниво на актерската игра и отвараат пред публиката недопрени светови на нашето постоење во времето и просторот.
Актери: Марија Спиркоска Илијеска, Симона Димковска, Ивана Павлакович, Игор Трпчески, Владимир Горѓиоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев и Илија Волчески.
Театарската претстава е продукција на Театар на Навигаторот Цветко, Скопје и Театар: „Војдан Чернодрински“ како дел од Центарот за култура „Марко Цепенков“, Прилеп.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 200 денари.