AEROSMITH

aerosmith17 мај 2014 г., 20:00 ч.
Стадион «Локомотив»
Нај-престижниот и нај-големиот музички настан во 2014!

AEROSMITH ги има  во музиката веќе повеќе од четири децении ! Едвај има друга рок група која може да се пофали со фанови од неколку генерации и со толку многу хитови на топ листите. На 17 мај во Софија публиката ќе има единствена можност да ги види во живо култните AEROSMITH! Во летото на 2014 година групата тргнува на Европска турнеја, вклучувајќи настапи на стадионот ” Олимпик” во Москва , ” 02 Arena ” во Берлин и на Download Festival во Велика Британија. Велинчествената петорка ќе биде во оригиналниот состав, исто како при основањето во далечната 1970 година во Бостон, Масачусетс : Стивен Тајлер (вокал ) , Џо Пери (гитара ) , Бред Уитфорд (гитара ) , Том Хамилтон (бас) и Џои Крамер ( тапани).

AEROSMITH ќе ни докажат дека се во перфектна форма и дека ќе направат неверојатно шоу! На стадионот “Локомотив” ќе уживаме во најголемите нивни хитови, како и песни од последниот албум Music From Another Dimension. Албумот е прогласен од магазинот People за “еден од задолжителните 5 албуми за есен 2012 година” За него Џо Пери вели: “Ова е албумот што сакавме да го направиме уште од времето кога се собравме за втор пат во 1984 година ”

Тие се еден од најголемите рок ​​бендови на сите времиња! Хитовите на AEROSMITH им се познати на сите, а меѓу бројните достигнувања ја имаат и успешна кариера во Холивуд со настапи во популарни филмови како “Светот на Вејн 2″ и “Игра по ноти”.

AEROSMITH е група со најголема продажба на албуми во историјата на американскиот рокенрол со тираж од над 150 милиони копии ширум светот. Само во САД се продадени 66,5 милиони нивни записи. Групата има 21 хитови само во САД и бројни награди и признанија како: 4 награди Grammy, 12 награди MTV Video Music Awards, 6 награди Billboard и 8 American Music Awards. AEROSMITH се носители и на наградата Soul Train за “Најдобар Рап сингл” во соработка со Run DMC – ” Walk This Way “. Можат да се пофалат и со номинација за ” Оскар ” за баладата ” I Don’t Want To Miss A Thing “. Во 2001 година се примени во ” рокенрол салата на славните “.

shemaВлезниците за концертот на aerosmith ќе бидат достапни по следните цени:
влезница и превоз   влезница
Pl1     6.350 ден.     5.050 ден.
Pl2     5.400 ден.     4.100 ден.
Pl3     5.100 ден.     3.800 ден.
Pl5     3.900 ден.     2.500 ден.
Автобуски превоз         1.500 ден.

Влезниците како и секогаш ќе можете да ги купите во 1/2 југотн и во целата продажна мрежа на купи карти за се.

Состанок на групата на 17.05.2014 во 07:00ч. на паркингот Дрводекор.  Пристигување во Софија околу 13 часот. Слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 20.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.