АД ЛИБИТУМ

Концерт на “АД ЛИБИТУМ “ трио
08.07.2020 (среда)
20:30 часот
Музеј на македонската борба

ПРОГРАМА

Ерик Евејзен: ”Wildflowers”

-Dense Blazind Star

-Missouri Primrose

-Mexican Hat

Гијом Конесон ”Techno parade” 

Кокан Димушевски ”Aegri Somnia”-

Русел Петерсон: Трио бр.1 (флејта, алт саксофон и пијано)

-Andante

-Adagio

-Allegro

„АД ЛИБИТУМ “ трио

Силвана Чулева Атанасова-флејта
Лазар Соколов-кларинет и алт саксафон
Емилија Кабранова Филипова-пијано

Триото ,,Ад либитум” е формирано 2015 год. Во својот широк репертоар вклучуваат композиции од сите музички епохи, оригинални композиции за ваков состав, нивни транскрипции, обработки, модерни и современи композиции. Имаат бројни први изведби на многу дела во Македонија и надвор од неа:,,Prelude of a afternoon of a faun”-C.Debussy-arr.Michael Webster, Jacque Ibert-,,Deux interlude”,”Seduccion”(Seduction) trio од современиот латино-амерички композитор Miguel del Aguilе, дела од македонските композитори Љупчо Трајковски –Фис-“Miniatures” и Кокан Димушевски-“Children’s game”. Имаат први изведби и од композиторите Анже Рожман од Словенија-,,The two rivers”, композиторот Артан Хасани од Косово-“Labyrinth”, Трио1 и “Spain” за флејта, алт сакс.и пијано од америчкиот композитор Русел Петерсон. Настапиле и на отварања на изложби, промоции на книги и како гости на други музичари. Го имаат снимено нивното прво CD во 

Студиото М1 на МТВ. Имаат одржано голем број самостојни концерти и тоа во: Гевгелија-Хотел Аполонија-хуманитарeн концерт, Кавадарци-,,Кавадаречка културна есен “-хуманитарен концерт, Велес-Нов театар-Ј.Х.К-Џинот, Штип-сала на ФМУ, Струмица-сала на ,,ООМУ,,Боро Џони”, Прилеп-,,Прилепско културно лето”, Кавадарци-,,Музеј на вкусовите и традицијата”, Скопје-,,Скопско лето”, Р.Србија-Врњачка бања-Меѓународен фестивал на класична музика,,Врњци 2016”, Хрватска-,, Летен фестивал”-Омиш-Црква,,Светога духа”, Хрватска-Градац-Црква ,,Св.Миховила”, Хрватска-Макарска-,,Стара црква Фрањевачког самостана”, Прилеп-,,Прилепско културно лето 2017”, Битола-“БИТ ФЕСТ 2017”-Музеј и завод, Балчик,Р.Бугарија –фестивал “Balchik classic days”, Софија, Р Бугарија-КИЦ на Р.Македонија, Р.Србија-Врњачка бања-Меѓународен фестивал на класична музика,,Врњци 2018”, Прилеп-“Нов културен бран”-ЦК”Марко Цепенков”, Сараево-БИХ-фестивал “Сараевска зима”-Музичка академија-концертна сала, Боровец-Бугарија-хотел Самоков-камерна сала, Драч-Р.Албанија-“Chamber fest Durres”-Археолошки музеј. 

ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:

- носење заштитни маски,

- мерење телесна температура

- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во 

  гледалиштето,

- дезинфекција,

- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот,

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupipartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.