A Place To Bury Strangers

koncertA Place to Bury Strangers се power-трио (гитара, бас, тапани) составено од Оливер Акерман (гитара/вокал), Дион Лунадон (бас) и Роби Гонзалес (тапани). Бендот свири тежок, атмосферски звучен бедем кој е мешавина од психоделичен рок, shoegazе и спејс-рок.

A Place To Bury Strangers се високооценети како њујоршкиот „најгласен бенд“ од страна на разни инди-рецензенти и блогери низ нивната свиречка кариера, а исто така и како „најразорниот за ушните тапанчиња гласен гараж/shoegaze бенд кој некогаш сте го слушнале“ од „Вашингтон пост“. „Њујорк тајмс“ го фали нивниот ривајвл на „страшниот популарен рапав звук од 80-тите“.

A Place To Bury Strangers за прв пат во Скопје во рамки на гоооолемата европска турнеја во која го промовираат последното издание Strange Moon.

На турнејата се придружувани од Њујоршјиот состав BAMBARA кои ќе ја отворат вечерта.
http://bambara.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/BAMBARA.band

БИЛЕТИ во предпродажба во музичката продавница 1/2 Југотон по цена од 250 денари.
Концертот ќе се одржи во сала „25 мај“ во МКЦ, со почеток во 21:30 часот, очекувајте одлично аудио визуелно шоу. Сериозно.