NICK MASON'S SAUCERFUL OF SECRETS-Sofija

NICK MASON'S

SAUCERFUL OF SECRETS

СОФИЈА, 08.06.2022, Сала НДК

***************************************

Турнејата на проектот на Ник Мејсон, Saucerful of Secrets, која се поместуваше од 2020 година во 2021 година, а потоа и во 2022 година поради епидемиолошката ситуација, доби потврди за новите датуми на концерти за 2022 година, вклучувајќи ја и Софија во среда, 8 јуни 2022 година.

Местото на одржување на концертот е Салата НДК (Народен Дворец на културата)

Ник Мејсон е единствениот член на бендот PINK FLOYD кој е бил во сите состави на бендот од нивното основање до последната турнеја во 90-тите.

 

ПО ПОВОД НАСТАНОТ ВО СОФИЈА,

ОРГАНИЗИРАМЕ АРАНЖМАН превоз(+)влезница

со поаѓање од Скопје со следнава програма:

 

ПРОГРАМА:

ПОАЃАЊЕ од Скопје на 08.06.2022 наутро околу 8 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени накнадно). ... Возење преку граничниот премин кон Бугарија со повремени паузи по мотелите.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Софија околу 14 часот и паркирање непосредно пред Салата НДК. Слободно време за индивидуални прошетки низ Софија.

Вечерта, следење на концертот и по неговото завршување, собирање во автобусот и враќање кон Македонија со ноќно возење.

ПРИСТИНУВАЊЕ во Скопје на 09.06 рано наутро.

 

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

- ПРЕВОЗ(+)БИЛЕТ(партер.2) = 4700 ден

- САМО ПРЕВОЗ = 2200 ден

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

... Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус на наведената релација

Скопје-Софија-Скопје

... Билет во секторот партер.2

... Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран

водич-придружник.

 

ЗАБЕЛЕШКА.1: За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 15 патници.

 

ЗАБЕЛЕШКА.2: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 6 месеци после терминот.

 

Доколку имате некои дополнителни прашања, слободно консултирајте не преку е-маил info@eurotoursstip.eu или тел 078 473 181.