Jamiroquai

ЛОКАЦИЈАТА НА НАСТАНОТ Е СМЕНЕТА.

Организаторот на настанот Авалон Продукција објавува дека заради временските неприлики најавени за недела, 03.07.2011 година, одржувањето на концертот на JAMIROQUAI ќе се премести од националната арена Филип II во спортскиот центар Борис Трајковски со почеток во 21:00 часот.

Сите категории на влезници се исти како што беше планирано и за концертот на отворено.

Картите купени онлајн наместо на билетарата на градски ќе можете да ги замените на билетарата во спортскиот центар Борис Трајковски.

Сите кои досега купиле Golden Seats (нумерирани) и Ultra VIP (нумерирани)  влезници ќе треба истите да ги променат на билетарата во спортскиот центар Борис Трајковски за соодветни нумерирани влезници.

Останатите влезници FAN PIT, TEREN, TRIBINI се важечки и истите немора да се менуваат.

НАЈНОВО!!!!

Почитувани, Ве информираме дека денес 27.06.2011 ја добивме следната вест од тимот на Jamiroquai: Се е во ред со ногата на Jay Kay и Jamiroquai ја продолжуваат својата турнеја со концертите во Романија и Македонија! За концертот во Скопје владее огромен интерес и кај нашите соседи во Грција каде што Jamiroquai не настапуваат ова лето, како и во Бугарија, каде што концертот беше откажан! 

 

Jamiroquai

 

Почитувани, ве информираме дека после една година пауза, Македонија повторно ова лето добива голем стадионски концерт!

После Pink, Lenny Kravitz и Santana, наше големо задоволство ни е да ви го најавиме најголемиот disco, funk, acid jazz проект на сите времиња, бендот Jamiroquai кој важи за еден од највозбудливите светски live бендови на сите времиња , предводен од навистина фантастичната и неповторлива музичка појава, суперхаризматичниот Jay К ay.

3-ти Јули, недела, Спортски центар Борис Трајковски.

 

Цени на билети
Терен 1000 денари
Блок 5-11 (ненумерирани) 1200 денари
Golden Seats 1500 денари
FAN PIT 1500 денари
ULTRA VIP 2000 денари

Картите купени онлјан ќе можете да ги размените со приложување на Вашиот електронски ваучер на билетраницата во спортски центар Борис Трајковски

 

 

ШЕМА НА СЕДЕЊЕ

Шема на карти