40 години БИЈЕЛО ДУГМЕ: Горан Бреговиќ ft. Ален Исламовиќ

40 godini bjelo dugme koncertСо огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека најголемиот спектакл оваа есен/зима во Македонија, ќе се случи на 7ми Ноември во салата Борис Трајковски.

По повод 40 години од неприкосновеното Бијело Дугме”, а во склоп на нивната светска турнеја КО НЕ ПОЛУДИ, НИЈЕ НОРМАЛАН”,  Авалон Продукција ќе биде организатор  на големиот славенички концерт на  Горан Бреговиќ, придружуван од Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин. 

Авалон Продукција со задоволство  прифати  да го работи овој историски проект, поготово ако се земе во предвид  дека Скопје беше избегнато, кога пред 9 години се собра “Бијело Дугме” и кога имаше само три концерти  во Сараево, Загреб и Белград.

На оваа турнеја, за која Брега изјавува дека ќе свират секаде во светот каде има “наши” луѓе, ќе бидат изведени сите најголеми хитови на “Бијело Дугме” од нивните 9 албуми.

Кад би био Бијело Дугме”, ”Селма”, ”Не спавај мала моја”, ” Пристао сам бићу све што хоће”, ”На задњем седишту мога аута”, ”Ружица си била”, ”Падају звезде”, ”Лоше вино”, ”Битанга и Принцеза”, ”Сањао сам нођас да те немам”, ”Липе цвату”, ”Тако ти је мала моја кад љуби босанац”, ”Хајдемо у планине”, ”Има нека тајна веза”... ова е само дел од репертоарот на најпродаваниот, најнаградуваниот и најслушаниот бенд на целиот Балкан на сите времиња.

Ален Исламовиќ за овој голем спектакл изјавува:

Многу ми драго што повторно со Горан ќе застанеме на бина како во далечната 1989. Ќе ги свириме и пееме сите најубави песни на “Бијело Дугме” и заедно со нашите фанови да го прославиме 40 годишниот роденден на бендот. Јас како последен пејач на Дугме и тогаш ги пеев сите песни, па можам и денес. Секако тоа ќе бидат концерти полни со многу носталгија, тага и среќа. На концертите ќе не прати “Оркестар за свадбе и сахране” но во еден модерен манир. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги повикам сите генерации да ни се придружат заедно да го прославиме овој голем јубилеј ”.

goran brekovik i alen islamovik

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, од понеделник 29 Септември.
Цените на билетите по категории изнесуваат:

boris trajkovski shemaПартер - 600 денари

Фан Пит - 900 денари

Трибина - 800 денари

Golden Seats - 1000 денари

Вип  - 1200 денари