2 CELLOS
СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ НА 2 CELLOS СО НОВ ДАТУМ, 19-ти ОКТОМВРИ, ВИП АРЕНА!
ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕНУВАЊЕ НА ДОСЕГА КУПЕНИТЕ БИЛЕТИ ОД ТРИБИНИ, СО НОВИ!
Почитувани,
Ве информираме дека скопскиот концерт на една од моментално најголемите светски музички атракции 2 CELLOS, наместо на првичниот закажан датум 6-ти октомври, ќе се одржи на 19- ти октомври, на истата локација- ВИП Арена.
Причината за промената на датумот е од логистички тип, а поради концертот на Texas на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, ние со задоволство ја прифативме оваа понуда концертот да биде подоцна во октомври, од првичниот датум.
Истовремено, со оваа објава, должни сме да ви ја пренесеме и следнава информација, од официјалниот тикет мастер за овој концерт Купи Карти За Се:
„Поради падот на серверот кој е во Америка, ККЗС ги има изгубено нумерациите на досегашните продадени билети за трибини, па така сите што досега имаат купено карти, ќе имаат можност до 3-ти септември да си ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум, 19-ти октомври.
Во периодот од денот на оваа објава до 3ти септември, нема да се врши продажба на билети за концертот на 2 CELLOS за ТРИБИНИ, за истите да можат да се заменат за нови, додека билетите од категориите ПАРТЕР и ФАН ПИТ остануваат во слободна продажба. Од 3ти септември, сите слободни билети за ТРИБИНИ ќе бидат пуштени во продажба.
ВАЖНО: Повеќе од половина од капацитетот на ВИП Арената, до денот на оваа објава е РАСПРОДАДЕН!!!
Авалон Продукција
Задоволство ни е да ви најавиме дека една од концертно најуспешните светски музички атракции во моментов, дуото 2 CELLOS оваа есен доаѓа во Скопје.
Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум "Score", популарното дуо ќе настапи во Скопје на 06ти октомври годинава, во ВИП Арена Борис Трајковски, со почеток во 21 часот.
2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.
Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.
Билетите во продажба по следниве цени и категории:
ПАРТЕР 990 денари
ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1.000 влезници)
ТРИБИНИ 1.200 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS 1.500 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS 1.990 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)