25 Години од матура
Заедничка прослава на 25 години од матура на сите скопски средни училишта
City Hall (поранешен Hard Rock), 30-ти мај 2015 год. од 21 часот
Се организира заедничка прослава на 25 години од матурирање за сите скопски средни училишта:
1. Раде Јовчевски- Корчагин
2. Васил Антевски- Дрен (Борис Кидрич)
3. Јосип Броз Тито
4. Орце Николов
5. Никола Карев
6. Средно медицинско училиште
7. Моша Пијаде
8. МБУЦ Илија Николовски-Луј
9. Средно уметничко училиште,
10. ЖУЦ Владо Тасевски
11. Електро-машински училишен центар (ЕМУЦ)
12. Хемиско средно училиште
13. Зеф Љуш Марку
14. ГУЦ „Здравко Цветковски“
15. Ветерина- Браќа Миладиновци
16. Средно фискултурно училиште
како и за сите други училишта коишто тука не се спомнати.
Прославата ќе се одржи на 30-ти мај 2015 во клубот City Hall (поранешен Hard Rock) со почеток од 21 часот.
Музичка поддршка на настанот:
- настап на еден од најдобрите музички уметници од EX-YU просторот, Масимо Савиќ со својот шестчлен бенд што навистина ќе ве остави без здив
-нејзиното величество, Вера Јанковиќ, во улога на диџеј и церемонијал мајстор.
Билетите се пуштени во продажба во музичката продавницата “Пола Југотон“ во ГТЦ на први кат, преку продажната мрежа на “Купи карти за се“.
Цена на билет: 1,200.00 ДЕН
Што е вклучено и покриено со билетот: влез на прославата, два пијалока и покривање на трошоците за бендот и диџејот.
Прослава на 25 години од матура на скопските средни училишта- бидете дел од вашата генерација, бидете дел од едно убаво доживување!
Важна напомена: Целата организација на настанот е базирана на комплетно некомерцијални и непрофитни принципи односно целиот приход од картите ќе се искористи за да се покријат трошоците кон клубот каде што ќе се одржи прославата, бендот, диџејот како и изнајмување на потребната опрема за да се одржи настанот. Доколку се соберат повеќе средства од потребните за покривање на претходно наведените трошоци, истите ќе бидат искористени во хуманитарни цели. Ангажманот на сите луѓе коишто ќе бидат вклучени во организацијата на настанот ќе биде исклучиво на волонтерска основа.
Поддржувач на настанот: Винарија Стоби