2015 ЦЕВ ЕВРОПСКА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА

cev evropska odbojkarska ligaНа 30.01.2015 во седиштето на CEV Луксембург по 12 пат се одржа жрепка за CEV Европска Лига 2015 мажи и жени. Македонија по втор прв пат учествува во едно вакво реномирано натпреварување. Сениорската Одбојкарска Репрезентација на Македонија, во рамките на натпреварувањата од ЦЕВ Европската Лига 2015 година од група “А“, престојниов период ќе ги игра натпреварите од 3, 4 и 5тото коло. Сите натпревари ќе бидат одржани во спортскиот центар Борис Трајковски.
Распоредот на натпреварите е следниов:

3. коло
Македонија - Израел, 18 јули, 20:15 часот
Македонија - Израел, 19 јули, 17:30 часот

4. коло
Македонија - Данска, 25 јули, 20:15 часот
Македонија - Данска, 26 јули, 17:30 часот

5. коло
Македонија - Австрија, 1 август, 14:00 часот
Македонија - Австрија, 2 август, 19:00 часот

За финалниот турнир во Полска ќе се пласираат: домакинот Полска, првопласираните екипи од група А и Б и најдобропласирана 2 екипа од двете групи.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. На трибините цената на билетите изнесува 100 денари, а во М блоковите 200 денари.

 

bt mapa