176 Клучеви Боите на црното и белото

 

„176 Клучеви“ Боите на црното и белото
Сун Хи Јоу -пијано, Кореја

Марко Чампи – пијано, Италија

Црква Св.Софија, 23.07.2018, 21:00 ч.

Цена на билет: 300 Денари

Пијанистката Сун Хи Јоу е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја воодушевува публиката низ светот. Уште од самото нејзино деби, таа од дете-гениј прераснува во комплетен музички артист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на Барокот, па сè до дела од дваесеттиот век. Има издадено и неколку компакт-дискови.

Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, тоа го  докажува и фактот што досега има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ во Неапол во 2003 година со највисоки оценки. Како солист, Чампи досега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио станици. 

Програма:

Франц Лист (1811-1886): Тарантела од „Венеција и Неапол“ изведува: Марко Чампи

Фредерик Шопен (1810-1849): Ноктурна оп. 27 Lento sostenuto изведува: Сун Хи Јоу

Клод Дебиси (1862-1918):  Clair de lune од „Бергамаска суита“

Витолд Лутославски (1913-1994): Варијации на тема од Паганини

Лудвиг ван Бетовен (1770-1827)/Франц Лист (1811-1886): Симфонија бр. 9 – Финале изведуваат: Сун Хи Јоу и Марко Чампи

пауза –

Џорџ Гершвин (1898-1937): Рапсодија во сино изведуваат: Сун Хи Јоу и Марко Чампи

Фридрих Гулда (1930-2000): Свири пијано свири бр. 6 – Токата изведува: Марко Чампи

Николаи Капустин (1937): Прелудиум од „Осум концертни етиди“, оп. 40 изведува: Сун Хи Јоу

Николаи Капустин (1937): Парафраза на „Мантека“ од Дизи Гилспи за две пијана, оп. 129

Астор Пјацола (1921-1992): Adios Nonino

Марко Чампи (1981): Варијации на „La Folia“

Битлси: „Hey Jude“