15години[Сафизам]
Хип Хоп Дами и Господа !!!!!
Иако одамна музички пензионирани (првите Рап пензионери во МКД), Ве покануваат на прослава на 15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам!
Поради големиот интерес, а со цел да биде се во најдобар ред и да нема незадоволство, концертот се преместува на Скопски саем.По тој повод со музичките гости ќе се почестиме со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата Хипхоп музика од сите генерации..... Овој семинар на Хипхопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во Македонската музичка сцена, а тоа е издавањето на Сафизам... Културолошки, Музички, Метафизички албумот ја претсавуваше Македонската Хипхоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат... Сафизам е официјално Првиот винил на поствоен Балкан и водено еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат... Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна во полн состав, САФ ќе ја презентираат формулата за правење вистински Хипхоп:
1,2,3, Смилен, Гоце, Пикисипи !!!
15години[Сафизам]
24април[петок]СкопскиСаем21:00
Карти во претпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 250 денари, а на денот на концертот, цената на билетите ќе изнесува 300 денари.