Жељко Јоксимовиќ

Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ вчера ја промовираше својата нова песна “Милиметар”, а денес го најавува својот голем концерт во Скопје кој ќе се одржи на 11ти ноември во Вип Арената Борис Трајковски.

Едно од најдобрите музички имиња, единствениот што успеа да ја наполни Националната Арена “Филип Втори”, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ доаѓа со уште еден во низата на успешни концерти во Скопје. Лани, со музичкиот проект “Два Света”, со повеќе од 40 музичари на сцена, Жељко наполни дури четири концерти, еден по друг, во Македонскиот Народен Театар. Миленикот на сите генерации, човекот кој два пати е морален победник на Евровизија, Жељко Јоксимовиќ на голем спектакуларен концерт, кој ќе трае повеќе од 2 часа. На концертот ќе се отпеат најголемите хитови како Љубави, Није љубав ствар, Лане моје, Девојка, Либеро, Дрска жено плава, како и поновите хит песни на Жељко како што се “Дама”, “Звезда”, “Рањена Ѕвер”, најновата “Милиметар” и многу многу други.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Цена на билети:

Партер - 600 ден
Фан Пит - 900 ден
Блок 4,5,6,7,9,10,11,12 - 800 ден
Блок 2,8,14 – 900 ден
Блок 3 ВИП – 1000 ден
Блок 13 ГОЛД ВИП – 1500 ден