White Sensation Beach Festival

Огромно задоволствo ни е да Ви го најавиме ЈУБИЛЕЈНОТО петто издание на најголемото и спектакуларното музичко шоу, кое во 2015 за прв пат му се случи на Преспа и во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место...
Ѕвезда на настанот
НЕША ГАЛИЈА е српски пејач, музичар и композитор. Најпознат е како фронтмен на српската рок група Galija.
Најпознати хитови на Galija се: Dodirni me, Mozda sam lud , Na tvojim usnama, Stare trube, Da me nisi, итн.

Најголемото збиднување под наслов White Sensation Beach Festival, годинава ќе се случи на 26ти јули (ПЕТОК).
Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и светлосни ефекти кои ќе допринесат за перфектна забава.
Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите.
Модерната сензација White Sensation Beach Festival ја продолжува неговата традиција и дружба. Ова година се дружиме на место каде музиката и луѓето ќе придонесат атмосфера која не се заборава. Најголемата #WhiteSensation забава во регионот проследена со Galija.
Ќе настапат
* локална поддршка
DJ JOSHEVSKI (dj n.joshevski)
Extravaganza
DJ Ricardo

Продажбата на влезници започнува на 1ви јули преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 200 ден, а на влез картата ќе чини 300 ден.
Се гледаме на Relax Beach Resort заедно да испишиме нов лист на една нова успешна приказна :)