Влатко Стефановски

Карти во продажба

Во ноември 2017 година, Влатко Стефановски го издаде својот 33 албум насловен Мајчин јазик. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми. На 17 март 2018 година, ќе организираме концерт на кој за прв пат пред македонската публика ќе биде претставен албумот Мајчин јазик. Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.  Специјални гости на концертот ќе бидат балканската етно дива Биља Кртсиќ и членовите на групата Љубојна, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.

Билетите се пуштени во предпродажба по цена од 1000 денари.