Влатко Лозаноски - Лозано

Влатко Лозаноски - Лозано ќе одржи концерт во Охрид, на 2 август, на Стадионот „Билјанини извори“ од 21 часот.

„Најголемата македонска ѕвезда ќе пее на најголемиот македонски празник, Илинден“.
Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански и светски, која ќе одржи концерт на овој стадион“.
Организаторите најавуваат специјални гости, изненадувања и организиран превоз од сите градови.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, по цена од 350 денари до 18 јули, потоа цената ќе изнесува 450 денари