РК Вардар сезонски

Карти во продажба

 

Гледај го Вардар со ЕДЕН БИЛЕТ и добиј навивачка маичка

 
Со цел да им излезе во пресрет на многубројните барања на навивачите, РК Вардар 1961 пушта во продажба СЕЗОНСКИ БИЛЕТ за сите домашни натпревари на „црвено-црните“.
 
Со еден билетот во сезоната 2023/2024 ќе може да се следат домашните натпревари од првенството на Македонија (групна фаза и разигрување), Куп натпреварите на кои е домаќин Вардар, како и мечевите од СЕХА лигата.
 
Нема чекање пред билетарница, купување онлајан или на продажните места. Сезонскиот билет ви овозможува брз влез во салата и избирање на вашето посакувано место блиску до теренот.
 
Првите 500 што ќе купат сезонски билет ќе добијат и брендирана НАВИВАЧКА МАИЧКА од РК Вардар1961
 
Продажбата на сезонските билети ќе се врши преку КУПИКАРТИЗАСЕ и нивната продажна мрежа.
 
Цената на сезонскиот билет за сите натпревари на РК Вардар е 1.200 денари
 
За влез во салата ќе биде доволно да имате билет, испринтан ваучер или пак да го покажете купениот ваучер во ПДФ на вашиот мобилен телефон.
 
Потоа сезонските билети ќе бидат заменети со пластифицирани картички кои ќе важат цела сезона.
 
Биди и ти дел од семејството на РК Вардар, навивај за најдобриот спортски бренд во Македонија.
#ЕденЖивотЕднаЉубов