TEXAS

Карти во продажба

Саботниот настап на Texas поради здравствени причини на Sharleen Spiteri, презакажан За 28 септември!

Со жалење ве информираме дека приморани сме настапот на групата TEXAS којшто требаше да се одржи во рамки на фестивалот SKOPJE CALLING во сабота на 23 јуни, заедно со Дарко Рундек, да го презакажеме за 28-ми септември, во СРЦ Кале.

Имено, уште пред 15 дена пејачката Sharleen Spiteri доживеа тешка повреда, која во изминатиов период се обидоа да и` ја санираат. Во текот на вечерта, сооопштение за ова ќе има и на официјалната страница на бендот. 

Поради фактот што таа има забрана на летање со авион и забрана за движење воопшто, во наредниве десет дена, бендот ги откажа настапите во Софија, Крагујевац и во Скопје, но во изминативе 48 часа, нон стоп работевме и задоволство ни е да ве информираме дека добивме нови датуми и дека TEXAS дефинитивно сепак ќе настапуваат во Скопје, на 28-ми септември во СРЦ Кале.

Добрата вест во оваа лоша вест е што саботниот настап беше фестивалски во времетраење од 75 мин, а настапот во СРЦ Кале ќе биде целовечерно шоу во времетраење од 120 минути.

Во продолжение следат техничките детали поврзани со и околу влезниците за саботниот настан на како и за целиот фестивал SKOPJE CALLING. 

СИТЕ ШТО ДОСЕГА ИМААТ КУПЕНО ВЛЕЗНИЦИ:

1. Со купените влезници за 23.06 ќе може да го гледаат Дарко Рундек и повторно со истите влезници да ги гледаат Texas на 28-ми септеври во СРЦ Кале.

2. Купените блок влезници за сите четири дена ќе важат и за Дарко Рундек и за настапот на Тexas во септ во СРЦ Кале. Тие што ќе дојдат со блок карта, на излез ќе добијат влезница за концертот на TEXAS на 28-ми септември.

3. Оние што сакаат да го гледаат САМО Дарко Рундек, а се` уште немаат купено влезници за неговиот настап, од утре ќе можат да купат влезници само за Рундек по цена од 600 денари ПАРТЕР и 900 денари ФАН ПИТ.

4. Сите што имаат купено влезници за Тexas за 23-ти јуни, а не сакаат да ги гледаат во септември и не сакаат да го гледаат сега Дарко Рундек, ќе можат да ги вратат влезниците на оние продажни места од кај што ги имаат купено. 

Драги пријатели, се разбира на членовите на ТEXAS, како и на нас ни е многу жал за настанатата ситуација, ама едноставно вакви работи се случуваат. 

Интересно е што за прв пат во 25 годишната работа на Авалон Продукција имаме ситуација да од здравствени причини, одреден артист да го откаже настапот на нецела недела пред негово одржување.