Темпера

temperaОд утре 01 декември (понеделник) во продажба ќе бидат пуштени билетите за ексклузивниот концерт на ТЕМПЕРА.
Македонскиот бенд ТЕМПЕРА ќе го одржи својот прв целовечерен концерт во Скопјe, a за локација е избрана интимна клубска атмосфера во клубот „СТАНИЦА 26“.
Концертот ќе се одржи на 20 декември (сабота) со почеток во 21 часот, влезниците се по цена од 300 денари и можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, како и online на www.kupikartizase.com