Sting - Распродаден

1

 

 

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- STING!

 

На оваа турнеја, STING свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

 

Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на STING, ќе настапи и Joe Sumner.

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (2-ри јуни), точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

 

 

ПАРТЕР- 1990 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS- 2.990 денари
GOLDEN SEATS- 3.990 денари
VIP ПАКЕТ (кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на СТИНГ „57th & 9th (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

 

 

Поради досега навистина незапаметен интерес за концертот на STING во Македонија, иако во моментов е пролет 2017 год, а концертот е наесен, им препорачуваме на сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!