Stan Webb's Chicken Shack

Карти во продажба

Легендарниот Stan Webb со својот бенд "Chicken Shack" конечно во Македонија! Дел од историјата на британскиот блуз, Stan Webb доаѓа на ексклузивен концерт директно од Лондон за да ги потсети домашните љубители на блузот за блескавите моменти на британската сцена која на светот му ги подари Alexis Korner, John Mayall, Eric Clapton, Peter Green, Alvin Lee и се разбира самиот Stan Webb. Петок 23ти февруари во Станица 26 со почеток во 20:00.

 

Билети по цена од 1000 денари. Ексклузивно месецов 3 Гонга нуди специален блок билет за четири концерти Stan Webb's Chicken Shack,Scott Henderson,Soft Machine и Stick Men feat. Tony Levin за цената од само 3000 денари.