Soft Machine

Карти во продажба

Легендарниот бенд кој знаедно со “Pink Floyd” ја создаде британската “underground” сцена во шеесетите години доаѓа во Скопје за ексклузивен концерт во Станица 26 на 14ти март среда со почеток во 21 часот. Како еден од оригиналните психоделични бендови “Soft Machine” поставија стандарди за појавата на прогресивен и џез-рок , а низ него во изминатите години поминаа некои од највлијателните имиња на британската музичка сцена. Ова ќе биде настан кој ќе се памети!

Билети по цена од 1000 денари. Ексклузивно месецов 3 Гонга нуди специален блок билет за четири концерти Stan Webb's Chicken Shack,Scott Henderson,Soft Machine и Stick Men feat. Tony Levin за цената од само 3000 денари.