СЛУГИНКИ

Карти во продажба

Купените билети важат за наредниот датум.

Доколку сакате поврат на средствата, пратете барање за рефундација на contact@kupikartizase.com

 

За претставата: 

Претставата Слугинки е за виорот кој го зафатил денешниот свет, каде лесно човекот се губи себеси, своите вредности и станува еден сосема нов организам, толку нов што се чини и деформиран. Оваа претстава ни покажува примери за тоа како општествената позиција, ситуираноста и хиерархијата влијаат на нас. Дали си слуга само кога до тебе има господа ? Ова е претстава за двојноста на човекот, кој чекори на ивицата на гротеската и реалноста.
Каде во оваа денешна голема игра за моќ се губи еден човек кој само мечтае за подобро утре и дали тој воопшто има место под сонцето денес?! 
Кога во оваа голема игра и претстава, животот станува за час посилен од се и става еден свој крај, или можеби различен почеток.
СЛУГИНКИ
Жан Жене
Играат:
Марија Цветановска
Кристина Гиева
Ванеса Тримчевска
Режија: Теодора Силјаноска
Сценски движења: Александра Вељкович
Костими и сценографија: Теодора Силјаноска
Фотографија и дизајн на плакат: Михаил Велески
Билетите по цена од 300 денари.