Skopje Vinyl Convention Afterparty

Карти во продажба

На плоча секогаш звучи подобро!

Првата винил конвенција во Македонија ја финишираме со најголемата журка на плочи!  

Boca 45 од Бристол и Marc Hype од Берлин ги враќаат плочите на подиумот потпомогнати од Bdat Dzutim (Белград, Србија), Chvare (Скопје, Македонија), Dr. Smedji Sećer (Ријека, Хрватска), Goce (Скопје, Македонија), Iron (Белград, Србија) и Kool S (Пула, Хрватска).

Boca 45

"Копај", Јади, Битови, Повтори - четири зборови кои го сумираат животот на Boca 45. Како што самиот вели, најдобриот начин да го впиете искуството наречено Boca 45 е да проследите во живо некој од неговите DJ настапи.

Познат како своевидна "институција" во Бристол од неговите почетоци како продавач на Hip Hop "под тезга" во влијателната продавницата за плочи "Purple Penguin". Со трите албуми на Boca 45 (Pitch Sounds / Vertigo Sounds / Dig Eat Beats Repeat) и многуте синглови, ремикси и DJ миксови заслужи моќна репутација и за неговите проект соработки со Andy Smith како "Dynamo Productions", со Gee Ealey како "Malachai" (Domino Records), со Parker како "The Beatkeepers", со Ben Salisbury како "Dolman", а неговата последна соработка со светскиот DMC шампион DJ Woody како "BocaWoody".

Бележи многу изданија низ годините за дискографски куќи како: Island, Domino, Grand Central, Illicit, Jalapeno, Unique и Jack To Phono, под повеќе псевдоними. Boca 45 е секогаш спремен да ги освои клубовите, "вооружен" со кутија опасни 7" винили.

Неговата цел низ сите негови глобални патувања и интернационални DJ настапи е да ја доведе публиката до лудило со неговата луда колекција од "жешки" 7" "крофни" и стари скапоцености на винил.

Marc Hype

Кариера повеќе од 30 години и нема никаков сомнеж дека Marc Hype е полн погодок на Hip Hop & Funk сцената од самиот почеток.

Ја започнува својата DJ кариера инспириран од големиот Jam Master Jay некаде во 1988 година и неколку декади пали и жари со своите изданија, тури и настапи, а како пример ги земаме победите на германскиот ITF каде што го освојува првото место во 98 и 99-та година.

Соработува со изведувачи како Juice Crew legend Masta Ace, Souls of Mischief, Edo G, Zion I, Beat Junkies, DJ Z-Trip, Patrick Pulsinger, Killa Kela, Akrobatik & Mr. Lift и многу други. Неговиот албум „Recon“ е прогласен за албум на месецот од најголемиот Hip Hop магазин во Европа – Juice, во 2003-тата година.

Во 2004-та започнува соработка со светскиот пијанист Jim Dunloop и како резултат на таа соработка се раѓаат првите дискографски плочи како „The Antique Anthem“, „Bombay Raw“ и „Finale 74“ кои имаат светски успех.

Покрај сето ова, неколку пати ги има организирано Rap history Berlin и SoulClap! Турите во Германија и Азија.

Популарен во светски рамки, со своите 45’s плочи, оваа година на Skopje Vinyl Convention.

Премиерно, Boca 45 и Marc Hype на скопскиот подиум.

 

Организирано од Funky Fresh и МКЦ, со промотивни влезници од 300 денари во предпродажба и 500 денари на самата журка.