Северно од Македонија

 

Северно од Македонија-стенд ап спектакл со Сашо Тасевски
Сашо Тасевски из бек!
Контроверзниот глумец маестрално се враќа на стенд ап сцената да ја заокружи трилогијата започната со "Не ме лечи докторе" и "Ни срам ни перде".
Актерот кој мора да е запршка во секое опшествено случување, но на кој мора да му признаете дека ја има првата целовечерна стенд ап претстава во историјата на Македонија, и дека пет пати по ред ја полнеше Универзална сала во 2011-2012. Досега има настапено во живо пред преку 30 000 гледачи.
На 29 и 30 март во Домот на арм, во 21 часот, Сашо Тасевски ќе ја игра "Северно од Македонија".
Претставата се води по старата скопско маалска изрека "кого удрам не жалам", затоа што актерите на оваа приказна се најмалку за жалење.
Комедија која не смеете да ја пропуштите, затоа што ќе се игра сега и можеби никогаш повеќе!
Оваа урнебесна комедија ќе ви го отвори срцето, ќе ви ја насмее душата, и како што вели тој: а не беше смешно, немаше да го играм!

29.03.2019 претпремиера цена 400 ден.

Карти на продажните места на www.kupikartizase.com

На претставата за првпат ќе се користи технологија која оневозможува снимање со мобилен телефон.