Саем за венчавки 2024

Ова ќе биде 12то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот Александар Палас.

Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 23ти во 18ч. а ќе трае до 25ти недела до 18ч.

На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава.

Саемот е од изложбено продажен карактер, па така идните младенци ќе имаат можност да ги видат, пробаат и купат своите венчанци, костуми, бурми, да договорат термин за свадба, да букираат бенд, да си обезбедат покани и декорација, фотограф, да пронајдат уникатни подароци за девериците, кумовите и др. Богатата програма започнува во петок со модната ревија на "Познатите во венчаници и костуми".

Посетителите ќе имаат можност да видат многу познати ликови како модели на венчаници и костуми.

Целата програма ќе биде збогатена и со индивидуални ревии (сабота и недела) како и настап на познати музички бендови.

Водител и домаќин на настанот оваа година е популарната и супер симпатична Сања Савевска (Брза Кујна тв Сител).

Влезниците за саемот ќе се продаваат на самиот влез во хотелот како и он лајн, а цената ќе биде симболична 150ден. Со купувањето на билетот се станува и потенцијален добитник на голем број подароци кои ќе се извлекуваат за време на настанот.

За идните невести ќе има и голем број на саемски попусти кои несомнено ќе ви го заштедат семејниот буџет. Организатор на настанот е интернет порталот за културата на венчавките www.vobelo.mk contact@vobelo.mk