RAG`N`BONE MAN

25 YEARS OF AVALON PRODUCTION PROUDLY PRESENTS:

RAG`N`BONE MAN ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!!!

 

 

Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека една од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag`n`Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски, на 11ти мај.

Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје.

Rag`n`Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата! Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.

Покрај тоа што Rage`n`Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.

Меѓу неговите фанови е и големиот Elton John кој во секоја прилика јавно го фали, што претходно тоа беше случај со Ed Sheeran кој набрзо после тоа ги распродаде првите стадионски концерти.

Сакаме да ве информираме дека влезниците за концертот на Rag'n'Bone Man ќе бидат пуштени во продажба од 6ти октомври (петок) точно во 9 часот, по цени од:

ПАРТЕР 600 денари

ФАН ПИТ 990 денари

ТРИБИНИ 1200 денари

ВИП 1500 денари

 

Влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се

Инаку, концертите на ТОТО, Rage`n`Bone Man, како и уште многу други ексклузивни концертни настани предвидени за идната година, започнува прославата на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција.