Раде Шербеџија

Карти во продажба

Викенд за уживање со живата легенда Раде Шербеџија во Скопје!

 

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, живата легенда Раде Шербеџија, на 04 и 05 ноември доаѓа во Скопје, со почеток во 21 часот, со два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.

Харизматичниот Раде во Скопје ќе го промовира новиот албум кој изглегува на средината во Октомври. На скопските концерти тој ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Ne daj se Ines“, „Meni se dušo od tebi ne rastaje“, „Ćekaj me“, „Imam pjesmu za tebe“ и др.

Како специјални гости на концертот ќе се појават Гаро и Tavitjan brothers, кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а исто така ќе има и други гости, како изненадување на вечерта.

Влезнците по цена од 990 денари, во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.

Вистински викенд за уживање со неповторливиот Раде Шербеџија!