Првите мои 20 во 30

Екслузивен двоен јубилеен концерт “Првите мои 20 во 30“

- 30 години уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри

- 20 години Гудачки камерен оркестар “АРКО“

Програма за сечиј вкус: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенко, рок, латино, преку ориентот до македонскиот фолклор.

Премиерно за прв пат во Македонија истанбулско класично кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција; одличниот баритон Џемиљ Реџепи од Италија, сопран - романтичната Ивана Здравкова од Австрија, виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис, кралица на харфата Мерсиха Шукри, виртуозот на мандолина Лазар Сандев, кадифениот вокал на Добрила Грашеска, нашиот маестрален актер Никола Ристановски, , Мандолински оркестар “Скопје“, Детски хор “Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Специјален гостин на концертот Маестро Рамадан Шукри.

Диригент Ерхан Шукри

Вечер исполнета со многу музика, љубов и хуманост

Концертот е со хуманитарен карактер за децата со дијабетес

2 Октомври Национална Опера и Балет Почеток 20:00ч

Карти преку ККЗС

Партер ред 1-5 = 600 деnари

ВИП  ред  6-16  = 800 денари

Галерија ред 17-26 = 600 денари