Сестрите Прозорови (случај)

Сестрите Прозорови (случај)

Предворје на црква Св.Софија
05.08.2020
21:00 ч.

По мотиви на „Три сестри“ од Чехов, документаристички материјали и авторски текстови

Коавторски проект на  Сашо Димоски и Васил Зафирчев

Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес

Случајот на Сестрите Прозорови, театрализиран во оваа претстава инспириран е од ужасот кој се случувал од 1946 до 1958 година во Алабама САД.

Хенри Т. Џонс, по самоубиството на неговата сопруга Мелани, извршено со истрел од пиштол во глава, ги затворил своите 3 ќерки, Тара 11 години, Мери 7 години и Ирма 4 години, во подрумот од својата куќа.

Пријавуваќи ги пред надлежните органи за исчезнати, дал исказ дека е возможно нивната мајка да ги убила пред да се самоубие и ги сокрила телата. Алибито успешно го спроведувал полни 12 години. Тој ги држел затворени во подрум во својата куќа се до својата ненадејна смрт во сообраќајна несреќа во 1958 година, излетувајќи со автомобилот во провалија.

Тогаш, при вршење увид во домот на несреќно загинатот Хенри, полицијата ги пронашла трите одамна исчезнати сестри. Кога излегле од подрумот, Тара имала 23 години, Мери 19, а Ирма 16. Се претставиле како Олга, Маша и Ирина Прозорови, ќерки на покојниот полковник Прозоров. Спиеле на земјен под, биле врзани со метални синџири фиксирани на подрумските ѕидови кои им го ограничувале движењето, вршеле физиолошки потреби во истата подрумска просторија. Татко им ги бањал со црево, фрлајќи им еден сапун.

Покрај храна вода и оскудната облека единствена работа која ја имале кога биле пронајдени, била пиесата на Чехов „Три Сестри“ .

Тука почнува случајот на „Сестрите Прозорови“

Улоги:

Кети Борисовска

Маја Љутков

Славица Манаскова

Жарко Спасовски

Фаик Мефаилоски

Адаптација и драматургија: Сашо Димоски

Костимографија: Раде Василев

Сценографија и музичко обликување: Васил Зафирчев и Сашо Димоски

Не се препорачува за лица под 16 годишна возраст.

 Времетраење: 1h