Проект Калабалак 2022

 

Осмото издание на електронскиот музички фестивал „Проект Калабалак“ ќе се одржи во сабота 23.07.2022 година .


Организаторот, здружението на граѓани „Experience in music“ ќе им овозможи одлична атмосфера и забава на посетителите под отворено небо на паркингот „Орел“.

Целта на „Проект калабалак“ по 
осми пат е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.


На 23 Јули - Радовиш и регионот ќе звучат и изгледаат светски. На сцената ќе настапува еден од најактуелните диџеи ширум светот во моментов, францускиот диџеј и продуцент HUGEL, поддржан од македонската диџеј сензација Galoski. На сцената ќе имаме можност да го слушнеме и звукот на домашнитете диџеи Ampov, Ivan Dimov, Koks и Dj Marsabb. 

 

Се надеваме дека сте спремни за најголемиот електронски музички настан за овој регион од земјава. 

 

Се гледаме на фестивал.