Project Kalabalak

Спремни за добра забава на отворено?!... 3 Јули е датумот на кој Радовиш повторно ќе биде главниот центар на случувањата во Македонија, и овој пат со оригинална атмосфера која ќе ја овозможат светските, но и домашни артисти.

Меѓу нив се: Александар Галоски, Оливер Петковски, Вeсс, Мирок, Зоки Поки, Ицко и специјалните артисти, дуото STADIUMX.

Project Kalabalak ви ја претставува светската сензација STADIUM X.
Од прекрасниот град Будимпешта, двајцата унгарски продуценти Давид и Саливан за прв пат во Македонија!  

Исто така придружба на StadiumX ќе им прави хрватскиот диџеј и продуцент, минатогодишен резидент на хрватската плажа Зрче Wess

Придружете им се на оние кои знаат како да се забавуваат на подиум на една урбана уметност, каде ќе бидете сведоци на извонредни музички и стрит артисти, со чија креативност, интеракција и електронска, андерграунд музика, градот Радовиш  ќе го трансформираат во ултра модерен центар, а пофалбите нема да изостанат!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 200 денари. Од сабота 27.06, цената ќе изнесува 250 денари.