ПОД.ГОТВЕНО

 

 

 

Зад транспарентната завеса се крчкаат сите вкусови на животот - слатко, солено, луто, поткиселено... се приготвуваат специјалитети измешани со спомените од минатото, зачинети со топлината на домот, стравовите на нашите претци... Посетителите имаат можност да го вкусат самиот живот и полесно да го проголтаат со чаша црвено вино...

Макка бар Скопје

Режија:

Дејан Спасовиќ

Текст:

- По поезијата на Ѓоко Здравески

- По расказите на Елизабета Бакоска

- Извадоци од драмскиот текст "Трите високи жени на Едвард Олби

Aктерска екипа:

- Билјана Драгичевиќ Пројковска

- Слаѓана Вујошевиќ

- Нина Елзесер

 

Сценографија:

Мартин Манев

Костимографија:

Eмилија Ивановска Атанасовска

Цена на билетот -1200 ден

Во цената е вклучена музичко-театарска изведба, предјадење , јадење , десерт и црвено вино.