Отровната туника

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва, на 19 и 20 септември на сцената на МНТ ја претсавува култната претстава „Отровната туника" од Николај Гумиљов во режија на Иван Поповски.

Во ладниот мермерен спокој на константинополскиот дворец на императорот Јустинијан, каде ѕидовите слушаат, а луѓето негуваат молчење; каде внимателните зборови паѓаат како капки вода, ѕвонко разлетувајќи се под камените сводови, а тишината задушува, буквално со густ темјан, се појавува синот на степата, воинот и поет Имр. Неговите страстни говори ја маѓепсуваат принцезата Зоја. Неговите сеќавања ја обеспокојуваат императорката Теодора...

Зачудната егзотика на Гумиљовата пиеса, законитоста и убавината на формата, класицистичката драгоценост на актерските гести и сребреновековната незадржливост на чувствата, се сплеле во претстава за љубовта и љубомората, прекрасни и гибелни, буквално брачна отровна туника.

 

„Отровната туника” е волшебна, и воедно егзотична постановка на трагедијата на Гумиљов. Таа се игра на репертоарот на „Мастерскаја П. Фоменко” веќе 15 години предизвикувајќи несмален интерес кај публиката, поради што билетите за претставата се продаваат според листа на чекање. „Никогаш досега не се чинело возможно на таков начин да се претстави тоа трагично спокојство, полно со романтични мечтаења, кое ја сочинува суштината на поезијата на Гумиљов. Поповски навистина го знае клучот за несценичните, но најпрекрасни театарски текстови на руската модерна“, напиша печатот за претставата, оценувајќи ја и како „прескапа, но безумно убава”.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 600 денари.

 

Иван се враќа дома” е прв домашен фестивал на претстави од македонскиот театарски режисер Иван Поповски, кој живее и работи во Москва.