Оревокршачка

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Сите оние кои не успеале да купат билет за првата претстава, а сакаат да го гледаат балетскиот спектакл на мраз, можат истото да го сторат бидејќи во продажба е пуштена втора изведба на 04.12 со почеток во 22 часот.

Со почит,
ККЗС

На 04 декември, со почеток во 20 часот и 22 часот на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.

Минатата година, Државниот балет на мраз гостуваше со изведба на познатото балетско ремек-дело “Лебедово Езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика. Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации.

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од извонредниот кореограф Константин Бојарски и претставува успешно продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Бојарски бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот Рудолф Нуреев. Играл со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент.

Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи. На нивниот репертоар се познатите балети на Петар И. Чајковски - „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Сите изведби ги поставува кореографот Константин Расадин. Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните години овие продукции успешно се претставени на сцените на САД, Канада, Европа, Кина...

Билетите за овој балетски спектакл на мраз - “Оревокршачка” на мраз,  може да се набават преку продажната мрежа на “КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија.

Цената на билетите изнесува

ред 23,24,25 i 26 - 1500 денари
ред 1,2, 19,20,21,22 - 1800 денари
ред  3,4,17 i 18 - 2100 денари
ред  5,6,14,15,16 - 2400 денари
ред 7 i 13 - 3000 денари
ред  8,9,10 i 11 - 3700 денари