Ohrid Calling 2018 - ARMIN VAN BUUREN

Денес му е роденден на еден од најдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња, ARMIN VAN BUUREN, а ние со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека токму тој ќе биде вториот хедлајнер на навистина неверојатно атрактивното издание на OHRID CALLING 2018 година!

Како што веќе најавивме, првите хедлајнери на OHRID CALLING 2018 се Dimitri Vegas & Like Mike кои ќе настапат на 01-ви август, ноќ спроти Илинден, на стадионот „Билјанини извори“, додека Аrmin van Buuren како втор хедлајнер, ќе настапи во сабота, на 04-ти август, на истото место.

Човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.

Радио-шоуто „State of trance“, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец.

Настапите на Armin van Buuren секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Аrmin van Buuren, кој ќе привлече бројни фанови од Европа.

Влезниците во продажба по следниве цени:

ПАРТЕР 2- 1000 денари

ПАРТЕР 1- 1.500 денари

ФАН ПИТ- 2.000 денари

ВИП- 2.000 денари

Во продажба се пуштени и блок влзеници за трите фестивалски дена:

ПАРТЕР 2- 1.600 денари

ПАРТЕР 1- 2.100 денари

ФАН ПИТ- 3.000 денари

Вип пакетите можете да ги најдете исклучиво на продажните места на ККЗС