NICK MASON'S SAUCERFUL OF SECRETS
Карти во продажба
Турнејата на проектот на Ник Мејсон, Saucerful of Secrets, која се поместуваше од
2020 година во 2021 година, а потоа и во 2022 година поради епидемиолошката
ситуација, доби потврди за новите датуми на концерти за 2022 година, вклучувајќи го и
Белград во среда, 1 јуни 2022 година.
Местото на одржување на концертот е Белекспо центарот!
Ник Мејсон е единствениот член на бендот PINK FLOYD кој е бил во сите состави на
бендот од нивното основање до последната турнеја во 90-тите.
ПО ПОВОД НАСТАНОТ ВО БЕЛГРАД,
ОРГАНИЗИРАМЕ АРАНЖМАН превоз(+)влезница
со поаѓање од Скопје со следнава програма:
ПОАЃАЊЕ од Скопје на 01.06 наутро во 7 часот на паркингот кај Хотел ВИП
(наспроти новиот Ист Гејт Мол).... Возење преку граничниот премин Табановце кон
Србија со повремени паузи по мотелите.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Белград околу 14 часот и паркирање непосредно пред местото
на настанот: Мултинаменскиот бизнис центар Белекспо центар на Нови Београд.
Слободно време за индивидуални прошетки низ Белград (Центарот е поврзан со
неколку директни автобуски линии, а до Ушќе може и пешки).
Вечерта, следење на концертот и по неговото завршување, собирање во автобусот и
враќање кон Македонија со ноќно возење.
ПРИСТИНУВАЊЕ во Скопје на 02.06 рано наутро.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
ПАКЕТ.А.. Превоз(+)билетПАРТЕР(стоење) = 4500 ден
ПАКЕТ.Б.. Превоз(+)билетФАНПИТ(стоење) = 5500 ден
ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ ВАЖАТ ДО 30.04.2022
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
... Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус на наведената релација
Скопје-Белград-Скопје
... Влезница по избор од горенаведените
... Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
водич-придружник.
ЗАБЕЛЕШКА: За овој аранжман е доволно само важечка лична карта (не е
задолжително поседување на пасош). За други документи поврзани со Ковид-19,
беспредметно е во моментов да се наведува, со надеж дека се` што ќе биде потребно, ќе
биде лесно да се извади, или дека нема да биде потребно ништо.
ЗАБЕЛЕШКА.2: За реализација на аранжманот потребни се минимум 15 патници.
Максималниот број е ограничен на 35