Не се клади на енглези

ne se kladi na engleziНе се клади на енглези
21 јуни, МНТ, 21 часот
Претставата ќе се одигра на големата сцена во МНТ, а собраните сретства ќе бидат донирани за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и 24 годишната Марина Јовановска со ретка болест на очите која доведува до слепило.

од Владимир Ѓурѓевиќ

Режисер: Синиша Евтимов
Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ

Премиерна изведба: Вторник, 04 Март 2014
Времетраење: 80 минути
Пауза: Не

Актерска екипа:

Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Булe

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.

Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.

Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот.

Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.

Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна. 
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и 
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!