Moto GP San Marino

MotoGP
GP San Marino 2017
Missano World circuit Marco Simoncelli

Патеката во чијашто непосредна близина се родил, пораснал и научил да вози легендарниот Валентино Роси

Програма
Прв ден, четврток, 07.09.2017
Поаѓање од Штип и Скопје попладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија кон Римини (Италија) со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, петок, 08.09.2017
Пристигнување во Римини (хотел Меркури***, на самиот брег на Јадранското море) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор и продолжување на патот (уште 15 км) до Патеката Марко Симончели во Мисано  претпладне. Следење на активностите (тренинг сесија) и можност за прошетка по боксовите до попладневните часови. Враќање во хотелот околу 17 часот и краток одмор. Крато одмор па заеднички вечерен излез до центарот на Римини. Враќање во хотелот пред полноќ, ... ноќевање.

Трет ден, сабота, 09.09.2017
Заминување на Автодромот околу 10 ч (попатно, по сопствена желба некој може да остане во Римини). Следење на активностите на патеката до 16 часот, враќање во хотелот околу 17 ча и кратрок попладневен одмор. Вечерен излез по сопствен избор или (факултативно) посета на градчето Тавуља (20 км), родното место на Валентино Роси, каде се очекува огромна  посетеност од фанови по повод трките.
Враќање во хотелот околу полноќ, ... ноќевање.

Четврти ден, недела, 10.09.2017
Одјава и напуштање на хотелот околу 8 часот и заминување на Автодромот. Следење на активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со повремени паузи по мотелите.

Петти ден, понеделник, 11.09.2017
Пристигнување во МК во попладневните часови.

Промотивна цена на аранжманот 15 300 денари

 Аранжманот опфаќа:

Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери од хотелот до Автодромот Missano World circuit Marco Simoncelli
* ноќевања со појадок во Хотел Меркури (***) кој се наоѓа на 5 км од Центарот на Римини, односно на 15 км од Автодромот
*организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство

Аранжманот не опфаќа:
*Влезница за трките која се добива на лице место и чини 85 евра (само за неделата) или 115 евра (викенд пакет, Џенерл адмишн)
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
ВАЖНО!!!
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;