Moto GP Brno

Карти во продажба

MotoGP
Brno Czehia
03/07-08.2017

Програма

Прв ден, четврток, 03.08.2017
Поаѓање од Штип и Скопје попладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка кон Брно (Чешка) со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, петок, 04.08.2017
Пристигнување во Блучина (8км пред Брно) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор и продолжување на патот (уште 20 км) до Стазата Brno Circuit претпладне. Следење на активностите (тренинг сесија) и можност за прошетка по боксовите до попладневните часови. Враќање во хотелот околу 17 часот и краток одмор. Крато одмор па заднички вечерен излез до шопинг зоната на Брно (неколку огромни и извонредно снабдени молови). Враќање во хотелот пред полноќ, ... ноќевање.

Трет ден, сабота, 05.08.2017
Заминување на Автодромот околу 10 ч (попатно, по сопствена желба некој може да остане во Брно). Следење на активностите на патеката до 16 часот, враќање во хотелот околу 17 ча и кратрок попладневен одмор. Заднички вечерен излез по сопствен избор или на патеката (каде што е концентрирана извонредна ноќна забава од сите видови) или во Центарот на Брно (Масарикова улица, прекрасна пешачка зона, извонредна културно историски и модерни знаменитости...) . Враќање во хотелот околу полноќ, ... ноќевање.

Четврти ден, недела, 06.08.2017
Одјава и напуштање на хотелот околу 8 часот и заминување на Автодромот. Следење на активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со повремени паузи по мотелите.

Петти ден, понеделник, 07.08.2017
Пристигнување во МК во претпладневните часови.

Промотивна цена на аранжманот 10900 денари

Аранжманот опфаќа:

Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери од хотелот до Автодромот Brno Circuit како и до Центарот и знаменитите места на Брно.
*2 ноќевања (без појадок) во прекрасниот пансион Vinařství Hanuš (**) кој се наоѓа во склоп на истоимениот вински подрум со повеќевековна традиција во градчето Блучина на 7 км пред приодот на Брно и 17 км од Автодромот
*организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство

Аранжманот не опфаќа:
*Влезница за трките која се добива на лице место и чини 75 евра (само за неделата) или 95 евра (викенд пакет)
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
ВАЖНО!!!
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;