Skopje Calling 2018 - Morcheeba - втор викенд

Карти во продажба

 

Со навистина големо задоволство ви го најавуваме настапот на легендарниот трип хоп бенд Morcheeba на 22 јуни, како хедлајнери на вториот фестивалски ден, викендот помеѓу настапите на Axwell & Ingrosso и Texas и Darko Rundek.

Morcheeba за прв пат доаѓаат во Скопје на голема сцена, да ги испорачаат сите свои големи песни од претходните албуми, како и песните од новиот албум "Blaze Away" кој треба да излезе во продажба од 1ви јуни.

Morcheeba од своето постоење од 1995 година има продадено повеќе од 10 милиони примероци од своите албуми, а познати се и по глобалните хитови како: Enjoy the ride, Rome wasn't built in a day, Triger Hippie...

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн по цени од:

1000 ден ПАРТЕР

1500 ден ФАН ПИТ