Momata Rock Trail

momata rock trailMomata Rock Trail е планинска трка со динамичен интензитет, пред сè поради својата должина од 19 километри, и релативно предизвикувачки висински профил со вкупна позитивна надморска висина од 1.050 метри.

Лоцирана е на западната падина и дел од сртот на Селечка Планина, по делници кои истовремено нудат одличен терен за планинско трчање и услови за прекрасни глетки на околината од Прилеп со остатокот од неговите планински и врвични горделивци, дел од Пелагонија и многу пошироко, од едната страна, и дивата убавина на мариовскиот „згаснат вулкан“ од друга страна, со раскошен поглед кој се протега до планините Ниџе и Кожуф, кога се движите по секторот кој е трасиран по сртот од Селечка.

Почетокот на патеката е сместен во преддворјето на манастирот „Свети Димитрија“, над село Селце, во долниот дел од пазувите на Селечка, среде јаркиот воздух прочистен од боровата шума околу и над манастирот.

momata rock trail posterПотоа, по комбинација од благи и нагорнини и надолнини, се заобиколува ридот Топташ, за после тоа патеката да почне да навлегува во висински најинтензивниот дел, упатувајќи се кон планинарскиот дом „Томе Темелкоски“. Овој воедно и најдинамичниот искачувачки дел од трката, кој поминува и покрај култната карпа „Момата“ по која и оваа патека го носи името. Оваа делница се одликува со карпест предел, но со одржана патека која ќе биде дополнително поддржана со маркации. Од неа се пружа еден од најубавите погледи кон вгордеаните шумско-карпеси падини на Селечка.

Во дворот од планинарскиот дом „Томе Темелкоски“ е лоцирана првата и единствена контролна точка на трката, и првиот освежителен пункт. После тоа следува еден краток рамен дел и брз спуст накја месноста Казанташ, а после тоа и последниот искачувачки дел од таа делница, по кој се стигнува до сртот од Селечка, со заобиколување на 1.568 метри високиот врв Ќуле, по што патеката се упатува во јужен правец, по релативно рамен терен.

По завршувањето на оваа делница од патеката, следува спуст кон местото наречено Дуна Нива, своевиден превој помеѓу Селечка и нејзиниот братски огранок, ридот Мечка. Од овој дел спустот по добра патека продолжува до месноста над селото Селце, од каде патеката скршнува во десно и завршува во манастирското преддворје, на стартно-целниот пунктум.

*ПРИ ПЛАЌАЊЕТО НА КАРТАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСТАВЕТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ВЕЛИЧИНА НА МАИЦА НА СЛЕДНАТА ЕМАИЛ АДРЕСА zapsedinak@gmail.com

** Сите натпреварувачи добиваат пакет со техничка маица и стартен број.А ќе го објавиме и комплетниот пакет кој следува со котизацијата. Следете не на линкот подолу. Крајниот рок за онлајн плаќањето е до 7 Мај.

Повеќе инфо на:
 https://www.facebook.com/events/297435083988966/

Билетите по цена од 450 денари, ќе можете да ги купите исклучиво онлајн на Купи Карти За Се.