Marching Forward

Концерт на светски познатиот кларинетист и композитор Васко Дуковски во соработка со Петар Колевски и пијанистката Шунјин Ванг од Кина. На концертот под наслов “Marching Forward” ќе бидат изведени дела од стандардниот кларинетски репертоар како Менделсон и Понкиели но и современи дела кои ќе ја презентираат новата естетика на кларинетска музика од 21 век. На програмата ќе прозвучат и дела од Македонски композитори вклучувајќи ја и светската премиера на “Marching Forward” од Васко Дуковски. 

Салон 19.19 Скопје
22 Октомври 
20:00 Часот
Цена на Карта:
300 Ден