Крик

 

За последните 30 дена на ,,Гугл”  имало 

1 958 795 преберувања за: ,, Како да силувам без никој да дознае”.

Потиснати од општеството и навикнати сѐ да прикриваме-приказните завршуваат со несреќен крај и стануваме дел од насилно општество. Монодрамата ,,Крик” е претстава за сите недоискажани вистини, за недорасчистените случаи и за недовербата на релација систем-жртва, жртва-систем, за оние кои врескаат во себе, за гласот и ставот на сите засегнати страни. Ова е игра, претстава, за еден процес. Внатрешен. За милион процеси. За една траума. Милион трауми. За сето она за кое нашето општество никогаш нема да проговори ниту збор. Или можеби ќе проговори, но кога? Ова е претстава за состојби со кои секоја втора личност се бори. Ова е претстава за сексуално вознемирување и насилство.

 

„Крик“ е авторски проект, работен според архивски материјали, вистинити приказни и текстови.

 

 

Авторка, актерка: Енџи Николоска

Продукција: Авангарт

Локација: КСП Центар Јадро

Дата: 23.11.2023

Време: 20ч

Цена на билет:250ден.