Каролина Гочева - Охрид

После успешно распродадената пролетна турнеја во повеќе концертни сали низ градовите во Македонија, Каролина и нејзиниот бенд доаѓаат во Охрид со двочасовен open air концерт и тоа на 11-ти август, на најубавиот простор во нашиот туристички бисер, Антички театар.

На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и најубавите песни од историскиот проект „Македонско девојче“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда (04-ти јули) во 09 часот, по следниве цени:

SILVER SEATS – 500 денари

GOLDEN SEATS – 800 денари

ПАРТЕР - 800 денари

Каролина после неколку години, повторно на open air концерт во Антички театар!