Каролина Гочева

Карти во продажба

ЧЕТИРИТЕ КОНЦЕРТИ НА КАРОЛИНА РАСПРОДАДЕНИ, ДОДАДЕНИ УШТЕ НОВИ ТРИ!

Задоволство ни е да ве информираме, дека закажаните четири концерти на коишто Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26-ти февруари се РАСПРОДАДЕНИ. Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет, со почеток во 20 часот.

Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од 14-ти февруари  во 09 часот наутро, по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.Со големо воодушевување ви најавуваме дека после блескавиот концертен маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.