JETHRO TULL

После минатонеделното отворање на концертите во Софија и во Белград, со задоволство ве информираме дека конечно ги прецизиравме сите детали околу продажбата на влезниците за овој голем културен и музички настан, концертот на JETHRO TULL во Скопје. 

Билетите во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1000 денари 

ФАН ПИТ – 1500 денари 

ТРИБИНИ (седење) – 2000 денари 

Овој култен британски рок бенд, кој има снимено 30 албуми досега, а ги има продадено во над 50 милиони примероци, конечно доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата „50 years of Jethro Tull“.

Се гледаме на 16-ти октомври, во СРЦ Кале, во 20:30 часот!