JAGA JAZZIST

Карти во продажба

Полека но сигурно ја затвораме музичката програма за престојното издание на CINEDAYS.
Филмската е затворена и е Спек-Та-Ку-Ларна!!!

Распоредот на музичката програм (сега за сега, е следен)
10.ноември ZOLA JESUS
13.ноември CHKCHKCHK
18.ноември CHRYSTA BELL

Го додаваме овој, исклучително интересен и уникатен бенд од Норвешка - JAGA JAZZIST на 16.ноември во МКЦ СКопје.

Билети по цена од 300 денари достапни преку продажната мрежа наКупи Карти За Се. 

Jaga Jazzist (познати и како Jaga) е експериментален џез-бенд од Норвешка којшто станува познат кога Би-би-си го прогласуваат A Livingroom Hush (Smalltown Supersound/NinjaTune) за најдобар џез албум за 2002 година. Стануваат еден вид музички феномен во Норвешка за 20 години откако постојат. Оваа деветчлена постава се сметаат за едни од највозбудливите и најиновативните на таа сцена. Меѓудругото, сите од нив се дел и од други музички проекти и сите на некаков начин имаат придонесено за најзначајните изданија и проекти во областа на оваа музика во овој де од светот. Но дали свират џез, рок, хип-хоп, полка, електро, класична или хорска музика? Одговорот е сето ова и ништо од ова - едноставно, тие се фасцинантен музички закон сами по себе.

Нивната музика полна забава и енергија е надополнета со нивниот жив настап. Неверојатно е што еден толку етаблиран и искусен бенд, од почетокот во 1994, до денес може да остане толку присутен и свеж,

 

“Џез, техно и прогресив рок, зачинето со мигиви на филигранска прецизност, но доволно интензивно да ја размрда седнатата публика“