Iron Maiden Sofija 2022

Карти во продажба

 

 

 

  

 

IRON MAIDEN секогаш актуелен во светот на своите бројни фанови, по трет пат во наш пакет аранжман: После Будимпешта (сала Петефи чарнок) во 1994 и Пловдив (стадионот на Гребен канал) во 2018, еве можност за присуство на уште еден спектакл во нашето најблиско окружување – Софија, Арена Армеец на 13.07.2022. 

За тој настан организираме:

– ПАКЕТ АРАНЖМАН – САМО ПРЕВОЗ или ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА 

со програма: 

ПОАЃАЊЕ од Скопје на 13.07 наутро околу 8 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени накнадно). …  Возење преку граничниот премин кон Бугарија со повремени паузи по мотелите.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Софија околу 14 часот и паркирање непосредно пред Арената. Слободно време за индивидуални прошетки низ Софија (Центарот е поврзан со директна автобуска линија, а и во самата околина на Арената има метро станица и доволно атрактивни места до кои може и пешки).   

Вечерта, следење на концертот и по неговото завршување, собирање во автобусот и враќање кон Македонија со ноќно возење. 

ПРИСТИНУВАЊЕ во Скопје на 14.07 рано наутро. 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ со ограничен рок 

(до 01.06.2022

ВАРИЈАНТА.А: САМО ПРЕВОЗ = 2200 ден

(МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ РАТИ со уплата на 50% од актуелната цена (1100 ден), а остатокот до поаѓањето) 

ВАРИЈАНТА.Б: ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(партер стоење)=5300 ден

(МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ РАТИ со уплата на 50% од актуелната цена (2650 ден), а остатокот до поаѓањето)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус на наведената  релација 

Скопје-Софија-Скопје 

… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран 

водич-придружник. 

… Влезница (партер-стоење) во варијантата Б

ЗАБЕЛЕШКА.1.: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 6 месеци после терминот. За други документи поврзани со Ковид-19, беспредметно е во моментов да се наведува, со надеж дека се` што ќе биде потребно, ќе биде лесно да се извади, или дека нема да биде потребно ништо. 

(ЗАБЕЛЕШКА.2: Доколку имате некои дополнителни прашања, слободно консултирајте не преку е-маил info@eurotoursstip.eu  или тел 078 473 181