Hungaroring F1

HUNGARORING

Hungarian GP Formula 1 

Програма

Прв ден, среда, 26.07.2017
Поаѓање од Скопје во 19 ч (паркинг пред Хотел ВИП наспроти Скопски саем).
Ноќно возење со повремени паузи преку Србија кон Унгарија.

Втор ден, четврток, 27.07.2017
Пристигнување во Будимпешта претпладне. Одмор од патот во Централната зона, промена на пари и сл. Сместување во хотелот во 13 часот а во  15 ч. заминување кон Хунгароринг (15 км) за обезбедување на влезници и користење на можноста за прошетка по боксовите и евентуалните контакти со возачите. Потоа, во 18 ч враќање во Будимпешта и краток одмор во хотелот. Во вечерните слободна прошетка во областа околу хотелот атрактивна со бројните угостителски објекти и рекреативната зона покрај самит брег на Дунав. Ноќевање.

Трет ден, петок, 28.07.2017
Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. Следење на активностите за тренинг и другите настани на патеката предвидени за тој ден. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 16 часот и слободно време за одмор. Во вечерните часови разглед на знаменитостите: Стар Будим, Цитадела и Споменик на Милениумот, потоа слободна вечерна шема по централната улица Ваци. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.

Четврти ден, сабота, 29.07.2017
Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. Следење на активностите предвидени за тој ден и главниот настан – квалификациите во Ф1 за пол-позиција. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 17 часот. Можност за факултативни форми (крстарење со брод по Дунав = 15 евра или посета на прекрасен спа центар на отворено на Маргаритиниот остров над природни термални извори = 10 евра) или слободен избор за шопинг, прошетки, зоолошка градина, луна парк,... Собирање на групата околу полноќ и заминување во хотелот. Ноќевање.

Петти ден, недела, 30.07.2017
Одјавување од хотелот и заминување кон Хунгароринг околу 10 часот. Следење на активностите и главната трка од 11 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17.30 и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

 

Шести ден, понеделник, 31.07.2017
Пристигнување во МК во утринските часови

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 9900 ден       

Аранжманот опфаќа:
*Автобуски превоз според наведената програма 
*3 ноќевања со појадок во хотел hotel HUNOR(***), Будимпешта 
*организација на патувањето.

Аранжманот не опфаќа:
*Влезница за трките која се добива на лице место и чини 80 евра (само за неделата) или 95 евра (викенд пакет)
*влезниците за факултативните форми (спа центар 9 евра, брод по Дунав 15 евра, ...)
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
ВАЖНО!!!
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово:ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија:Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;
Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна. 
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и 
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!